Бритни Спирс доби дозвола да се обрати пред судот: Познат дадумот на рочиштето

од Stefanija Kuzmanovska
215 прегледи

Судот оцени дека пејачката Бритни Спирс е подготвена да зборува пред судијата во свое име. Нејзиниот адвокат Семјуел Д. Ингам рече дека Бритни го замолила од судот да побара статусно сослушување на кое таа директно ќе се обрати до судот, пишува The New York Times.

Адвокатот не откри за што точно Бритни би сакала да зборува пред судот, но тој рече дека станува збор за статусот на старателство што нејзиниот татко го има над неа.

Судијката Бренда Пени го одобри барањето и рочиштето го закажа на 23 јуни.

Да потсетиме, Бритни е под надзор на нејзиниот татко Џејмс Спирс од 2008 година, а последните години беше многу против тоа нејзиниот татко да биде нејзин старател, но и управител на нејзините работи и финансии.

Слични содржини