Регистриран прв случај со индиска мутација: Нов ковид бран и се заканува на Франција

од Берта Китинска
404 прегледи

Првиот случај на индиска мутација на коронавирусот е регистриран во Франција во четвртокот. Пациентот е регистриран во областа Лот и Гарон, на југо-запад од земјата.

За 24 часа имало 26.538 новоинфицирани.Во текот на денот, 321 пациент починал од ковид.

На болничко лекување има 29.487 лица, а за еден ден биле примени 1.711 нови пациенти.

Во реанимација има 5.804 лица. За 24 часа се регистрирани 392 приеми.

Слични содржини