Фудбалерот на Виљареал, Ејен Капуе доживеа ситуација која ретко се гледа на фудбалските натпревари, за време на мечот со Арсенал во полуфиналето во Лигата на Европа.
Во 77-та минута од првиот натпревар од полуфиналето на Лига Европа против Арсенал, тој стартуваше енергично на Букаја Сака од редовите на „топџиите“.
Самиот Капуе се повреди во судирот и остана да лежи на тревата, по што главниот судија на натпреварот му подготви жолт картон.
Бидејќи ова беше второ јавна опомена за Капуе, Артур Соарес Дијаз чекаше Капуе да стане, за да го испрати во соблекувалната.
Капуе не можеше да застане, па Соарес Дијаз му покажа црвен картон на играчот, кој беше изнесен на носилки.
Etienne Capoue is sent off while being taken off on a stretcher 😳#UEL pic.twitter.com/rFn6Z1QxW2
— Goal (@goal) April 29, 2021
Претходно и Арсенал остана со десетмина на теренот, откако Дани Себаљос беше исклучен во 57-та минута, така што силите беа изедначени во последните петнаесет или дваесет минути.
Арсенал беше поразен на стадионот „Керамика“ во Шпанија со 2: 1. Головите за Виљареал ги постигна Тригерос во петтата и Раул Албиол во 29-та минута, додека единствен стрелец за Арсенал беше Николас Пепе во 73.минута, со прецизно изведен удар од белата точка.