Њујорк се отвора на 1-ви јули

од Nikola Popovski
258 прегледи

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, во четвртокот изјавил дека официјалните власти планираат „целосно да го отворат“ градот на 1 јули по повеќе од една година ограничувања наметнати во борбата против пандемијата на коронавирус.

„Подготвени сме да ги отвориме продавниците, канцелариите, театрите со полна сила“, изјавил де Блазио за кабелската мрежа „МСНБЦ“.

Градоначалникот соопштил дека главната причина за неговиот оптимизам дека Њујорк ќе се врати на нормалното ниво на функционирање е тоа што 6,3 милиони дози на вакцина се дадени во најголемиот американски град, каде живеат околу 8,3 милиони луѓе.

„Гледаме дека бројот на вакцинирани е исклучително висок. Знаеме дека напорите за вакцинација се интензивираат. Ние мора да продолжиме да работиме напорно на тоа“, рекол Де Блазио.

Сè уште не е познато како плановите на градоначалникот на Њујорк ќе бидат усогласени со мерките на државната влада, која донесува одлуки за ограничувања на работата на рестораните и другите бизниси.

Театрите во Бродвеј започнаа да се отвораат овој месец за специјални настани пред помала публика. Многу продуценти планираат да продолжат претставите на 1 јуни.

Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо во средата објави дека ограничувањата на работното време на рестораните ќе бидат укинати во мај, а тој исто така им дозволил на луѓето повторно да седат во баровите од 3-ти мај.

Слични содржини