Војниците од логистичката база со армиската механизација утрово го извршија истоварот, и помогнаа во транспортот и складирањето на двата шлепери вакцини кои пристигнаа во земјава. По тој повод министерката за одбрана Радмила Шекеринска упати пофални зборови до припадниците на Арамијата.
-Војниците од логистичката база со армиската механизација го извршија истоварот, помогнаа во транспортот и складирањето на двата шлепери вакцини кои утрово пристигнаа во земјава. Слушнав само пофалби за нивната организираност и ефикасност. Ви честитам, уште еднаш покажавте дека граѓаните може да се потпрат на својата Армија!, напиша Шекеринска на својот Фејсбук.
Со пристигање на вкупно 200.000 вакцини на „Синофарм”, по велигденските празници и официјално ќе започне масовна имунизација на населението. Досега се вакцинирани вкупно 60 000 граѓани, а надлежните најавуваат дека од следната недела дневно ќе се вакцинираат по 10 000 граѓани, без да се создаваат гужви.