Филипче: Најсоодветно е да примам вакцина која ја има во најголема количина 

од Берта Китинска
188 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче по пристигнување на кинеските вакцини, кажа дека граѓание нема потреба да бидат загрижени за вакцините и нема потреба да бират со која ќе бидат вакцинирани.

„Соодветно како личен пример, примам вакцина која е најмногу како количина на располагање. Ги следам сите стручни анализи, така да освен Астра Зенека препорака кај помлади лица од 60 години, нема друга препорака, нема друга контраиндикација засега“, кажа Филипче.

Филипче рече дека очекува да бидат вакцинирани меѓу 10 и 15 илјади граѓани на ден.

„Овие вакцини кои се пакувани со шприцови со игли и спремни за апликација, ќе бидат дистрибуирани низ градовите согласно пријавените граѓани. Пунктовите се подготвени. Помеѓу 10 – 15 илјади граѓани на ден.“, истакна Филипче.

 

 

Слични содржини