За Алијанса-Алтернатива коментарите на Пендаровски за 27 април се неприфатливи

од Andreja Salpe
269 прегледи

Последните изјави и ставови на Претседателот Стево Пендаровски за судскиот случај „27 април“ се спротивни со сите негови досегашни ветувања за правна држава за сите граѓани, за правда, уставен поредок и како што имаше изјавено самиот тој, не одобрување амнестија на ниту еден криминалец , реагира коалицијата  Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Според оваа коалиција, неприфатлива е тенденцијата на претседателот за директно мешање во судството, дотолку повеќе што овој случај би требало да претставува предизвик за правниот систем во земјава и лекција за иднината.

„Почитуван Пендаровски, Вие не отворивте уста ниту еднаш за монтираните случаи, посебно кон Албанците, особено кога беше убиено дете како Алмир и кога еден криминалец како Бобан Илиќ се пушти на слобода. Неприфатливо е кога Вие како претседател станувате дел од дебата за помилување на терористите од 27 април, преквалификација на делото или слични игри како тие што ги видовме кога се амнестираа еден дел од нив“, стои во реакцијата.

Алијанса и Алтернатива сметаат дека секаква преквалификација на делото на сторителите ќе биде сватено како преквалификација на борбата против тогашниот режим против кој се бореа сите.

„Последните изјави ги зацврстуваат сомневањата на јавноста дека некои во државната и владината хиерархија продолжуваат да соработуваат и да ја подаваат раката на тој режим, кои што половина и така се дел на сегашната Влада. Скандалозно е да се земае како пример на една фигура како Александар Вучиќ, кој што има вмешано прсти во сите крвопролевања на Балканот како поранешен министер на пропагандата на Милошевиќ, противник на НАТО и денес загушувач на демократијата и опозицијата во неговата земја“, се вели во реалзијата на Алијанса и Алтернатива.

Слични содржини