Пожар избува попладнево во шумата во близина на хотелскиот комплекс „Аурора“ во Берово.
Гостите во хотелот се евакуирани.
Пожарот е локализиран и речиси изгаснат, сведочат дел од гостите во „Аурора“.
„Каков пожар се дешава на Беровско езеро кај Аурора, едвај стигнавме до колите од друга страна, ние бевме кај езерото, гори борова шума, веднаш дојдоа пожарни, верувам ќе го решат”, напишаа на социјалните мрежи очевидци на настанот.