Повеќе од 90 лица беа пронајдени во куќа во Хјустон, а полицијата се сомнева на трговија со луѓе.
Никој не е сериозно повреден, но полицијата во Хјустон соопшти дека се загрижени за можни случаи на инфекција со коронавирус.
Некои од откриените луѓе имаат треска, а некои го изгубиле чувството за мирис и вкус. Кога полицијата упаднала на имотот, тие биле набиени во мал простор.
HPD AC @EdwardsDaryn Briefing on Incident at 12210 Chessington Drive. https://t.co/Mz4xo6jfBn
— Houston Police (@houstonpolice) April 30, 2021
Здравствените работници излегле на местото на настанот за да извршат брз тест за коронавирус.
Официјални лица од Хјустон велат дека немало деца во куќата. Пронајдени се пет жени, додека останатите биле мажи. Тие и рекле на полицијата дека веќе некое време не јаделе, па веднаш им била донесена храна.
Полицијата наведува дека повикот за киднапирање бил примен во четвртокот вечерта, а акцијата била спроведена преку ноќ. Тие на крајот успеале да ја пронајдат локацијата каде е извршен претрес. Се работи за двокатна куќа и утврдено е дека станува збор за „истрага за трговија со луѓе“.