Тешка сообраќајна несреќа во делчевско: Осумнаесетгодишно момче почина откако излетал од патот

од Берта Китинска
261 прегледи

На 01.05.2021 во 18,43 часот било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, кај место викано „Градски преод Делчево“ патничко моторно возило “пежо 306“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.А.(18) од Скопје  излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој на пат кон Медицинскиот центар Штип починал, информираа од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Делчево.

Слични содржини