Навивачите на Интер се собраа на култната Пјаца дел Дуомо во центарот на Милано за да ја прослават новата титула во Серија А.
Фудбалерите на Интер ги освоија клучните три бода во саботата со победа на гостувањето кај Кротоне, а потоа со нетрпение го очекуваа дуелот помеѓу Аталанта и Сасуоло, кој заврши нерешено. Со тоа, титулата беше освоена и прославата можеше да започне.
Во Милано, од каде избувна и започна пандемијата на коронавируси во Европа, се славеше до доцна во ноќта без да се почитуваат епидемиолошките мерки, а не станало збор ниту за социјалната дистанца.
Ова е прва титула на Интер од 2010 година, со што беше прекината фантастичната серија на Јувентус од девет последователни титули во италијанската лига.