Колку е брз нашиот метаболизам зависи од многу фактори – генетика, возраст, пол, но и од животни навики на кои можеме да влијаеме.
Брзината на метаболизмот е брзина со која телото согорува калории, што влијае на тоа колку лесно добиваме или губиме тежина. Угледниот ендокринолог Франческо Цели открива необични начини за дополнително забрзување на метаболизмот.
Намалете ја температурата во вашата соба
Спиењето во поладна соба има корисен ефект врз здравјето, а новост е што го забрзува метаболизмот. Во студијата на Националниот институт за здравство, спроведена на 20 мажи доброволци, резултатите покажаа зголемена потрошувачка на калории за време на спиењето, ако температурата е помала од 17 степени.
Напијте се дополнителна шолја кафе
Неколку помали студии покажаа поврзаност помеѓу консумацијата на кофеин, зголемената брзина на метаболизмот и намалениот ризик за дијабетес тип 2. Д-р Цели открива дека причината е што кофеинот му помага на телото да ги разгради мастите. Сепак, важно е да не претерувате. Премногу пијалоци со кофеин на ден можат да предизвикаат нервоза, гадење или несоница.
Грицкајте нешто луто
Капсаицинот, кој се наоѓа во зачинетото чили, докажано ја зголемува телесната температура и ги забрзува процесите на варење и губењето маснотии. Храната богата со протеини (месо, риба, пилешко …) се вари побрзо кога ќе се додаде барем малку чили. Руските лекари тврдат дека редовното внесување на лута храна во мали количини го успорува стареењето и го зајакнува имунитетот.