Светските медиуми најчесто ги споменуваат Манчестер Јунајтед и ПСЖ како потенцијални нови дестинации за Кристијано Роналдо, но новинарот на „Спорт Медијасет“ објави изненадувачка вест. Имено, тој тврди дека Роналдо најпрво ќе го заврши договорот со „бјанконерите“, кој го врзува до јуни следната година, а потоа дека би сакал да игра во неговиот матичен клуб Спортинг од Лисабон.
За многумина, ваквиот вид на информација е големо изненадување затоа што дефинитивно ќе го разбие митот за Роналдо, како голема и арогантна sвезда, а многумина повеќе не би го гледале со исти очи. Оваа теза е поткрепена со фактот дека Роналдо наводно купил луксузен „пентхаус“ во Лисабон.
Роналдо играше за Спортинг до 2003 година, кога се пресели во Манчестер Јунајтед. Не треба да се спомнува дека во случај на такво работно место, Роналдо би се согласил на драстично намалување на платата бидејќи во Јувентус заработува повеќе од 30 милиони евра годишно…