„Не се љути на тие што те наместиле да се излеташ денес. Со задоволство ќе ти ја доставам целокупната документација. И на скопското и на загребското возило. Сам да ја воочиш разликата. Дури и кафе ќе те почастам (за брља, барај си ги твоите од пратија што денес дадоа такво соопштение (одговор)) и размисли, добро размисли, каде ја водиш својата партија и нашата Македонија (Република Северна Македонија) со ваквото свое „раководење“, реагираше по втор пат Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на лидерот на опозицијата Хриситијан Мицкоски во врска со против-пожарните скалила и цената за истите.
„Манипулативно, кога зборуваш за цената, за цената на загребската скала кажуваш цена без ддв, а за скопската со ддв. Така ти изгледа поспектакуларно, нели? Тогаш, скопската не е 1.7 милиони евра, туку 1.4.
Ова е список на дополнителната опрема која што ја има скопското, но го нема загебското возило (дополнителна опрема во доградбата):
– компјутерска стабилизација на корпа
– РЦ 400 корпа за 4 луѓе плус
– монтажа на корпа носилка за повредени
– фен или чафовлекач кој се монтира на самата корпа
– електромагнетна стабилност
– агрегат за струја (за работа на скалата без погон на возилото)
– негативен нагиб на корпа до 8 метри во минус
– сајла за спуштање на пожарникари
– дополнителна скала за од корпа до кров
– довод на вода за употреба на млазницата за гасење монтирана на сама корпа
– подвижен под на корпа
– компјутерска нивелација на цела надградба лево десно
Списокот е подолг. Ова се основните разлики. Веројатно сега ти е појасно зошто и каде има разлика во цената ?
Загреб во изминативе 30 години набави 5 вакви возила. Ова им е шесто. Скопје ниедно. Ова е прво. 27 години владеевте во Скопје. Ниту ЕДНО возило …“
Ех, Христијане, Христијане …
Да бидам искрен, воопшто не сум изненаден од продолжетокот на твоите манипулации со фб…
Posted by Петре Шилегов on Monday, May 3, 2021