229
Исклучително е важно да се вакцинираат што повеќе луѓе за земјата да се врати во некаква нормала, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
-Ние имам директен договор со компанијата Фајзер за дополнителни дози, имаме договор и со „Синофарм“ и оваа доза го олеснува процесот на масовната вакцинација. Имаме договор и со Спутник и тој процес е во тек и ќе имаме договор со Синовак. Кога се работи за живото и здравјето на луѓето од исклучителна важност е да се вакцинираат што повеќе луѓе за земјата да се врати во некаква нормала.Ние сме народ со јужен менталите, кој е зависен од социјализација, истакна Димитров.