215
На 03.05.2021 во 12.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај с.Беранци, патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(31) од Прилеп, удрило во бетонски столб од надвозник, информираат од МВР.
Возачот починал на местото на незгодата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола