Симоновски: Противпожарната скала е купна по наша препорака по направена анализа на терен

од Берта Китинска
326 прегледи

Противпожарна скала е од ист тип и од ист производител како противпожарната скала во Загреб, но овде станува збор за различна дополнителна опрема, изјави командирот на Единицата за противпожарна заштита, Владимир Симоновски

-Купувањето на противпожарната скала за Град Скопје е повеќе од неопходно. Таа е купна по наша препорака по сите испитувања на терен.Оваа противпожарна скала е од ист тип и од ист производител како противпожарната скала во Загреб, но овде станува збор за различна дополнителна опрема. Секогаш дополнителната опрема се доплаќа дополнително и затоа е разликата во сумите за набавка меѓу скопската и загребската скала. Со оваа дополнителна опрема што ја купивме, можеме да кажеме дека граѓаните од Скопје кои живеат над петтиот кат, ќе бидат безбедни, нагласи Симоновски.

Слични содржини