271
Од денеска активно се спроведува и вакцинацијата во салите во Охрид и Битола.
-Процесот се одвива непречено и во најдобар ред, а заинтересираноста е голема помеѓу граѓаните. За да обезбедите ваш термин во еден од овие региони, пријавете се преку онлајн платформата www.vakcinacija.mk . Со вашата заинтересираност ќе придонесете до побрза и поефективна имунизација на целокупното наше население, информира министерот за здравствов Венко Филипче на својот Фејсбук профил.