Вчера во земјава за почна масовната имунизација откако пристигнаа 200.000 кинески вакцини. Регионалните центри во Битола, Штип, Охрид, Кавадарци, Тетово, Куманово и Охрид вчера ги примија првите пациенти. Воедно во земјава доби нова донација наФајзер вакцини од ЕУ.
Исклучително е важно да се вакцинираат што повеќе луѓе за земјата да се врати во некаква нормала, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
-Ние имам директен договор со компанијата Фајзер за дополнителни дози, имаме договор и со Синофарм и оваа доза го олеснува процесот на масовната вакцинација. Имаме договор и со Спутник и тој процес е во тек и ќе имаме договор со Синовак. Кога се работи за живото и здравјето на луѓето од исклучителна важност е да се вакцинираат што повеќе луѓе за земјата да се врати во некаква нормала.Ние сме народ со јужен менталите, кој е зависен од социјализација, истакна Димитров.
До крајот на август 119 илјади вакцини од ЕУ
До крајот на месец август ќе ги добиеме сите 119 илјади вакцини од ЕУ.
Ова го најави премиерот Зоран Заев. Тој на денешната заедничка прес конференција со еврокомесарот Оливер Вархеји и се заблагодари на ЕУ за помошта која и ја дава на Македонија.
-Преку оваа програма за поддршка за Западен Балкан координирана од Австрија, пристигна првата испорака од 4.850 вакцини. Денеска добиваме и 4.850 вакцини набавени преку директен договор со Фајзер. Сите 119.123 ќе пристигнат до крајот на август. Од денеска влегуваме во обемна вакцинација на населението. Апелирам до сите граѓани, пријавете се за вакцинација. Со вакцинацијата очекуваме да ја промениме епидемиолошката слика и полека да почнеме да постигнуваме колективен имунитет“-, изјави Заев.
Според официјалите податоци од министерството за здравство досега вакцина против Ковид во земјава примиле 61.600 граѓани, а интерес за вакцинација пројавиле над 218.500 лица.