223
Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски вели дека е на почетокот граѓаните не ги почитувале мерките, но сега тоа е променето, бидејќи сите сфатиле што значи присуството на ковид-19.
-Центарот ќе биде во Спортската сала во Медицинското училиште. Јас како лекар разговарам со многу луѓе и чувството што го имаме е дека прилепчани сакаат да се вакцинираат. Упатувам и сега апел до сите граѓани да се вакцинираат, со било која вакцина. Сите вакцини се добри и тоа е првиот предуслов да имаме побрзо надминување на оваа пандемија, вели Јованоски.
Од денеска во Центарот за јавно здравје почнува да се работи ПЦР тест во Прилеп, најави Јовановски.