Третата доза на вакцината Модерна штити од бразилскиот сој

од Nikola Popovski
217 прегледи

Третата доза на постоечката вакцина на компанијата Модерна, како и новата верзија која е експериментална, го зајакнуваат имунитетот против бразилските и јужноафриканските соеви на коронавирусот, соопштено е од таа компанија.

Според Ројтерс, податоците се добиени врз основа на истражување во кое учествувале 40 лица.

Дополнителната доза на вакцина дадена на волонтери кои претходно примиле две дози на вакцината Модерна, исто така, го зајакнала имунитетот против оригиналната верзија на коронавирусот.

„Ние сме охрабрени од овие нови податоци, што го зајакнува нашето верување дека нашата стратегија за вакцинација треба да обезбеди заштита од новите соеви на Ковид-19“, рече Стефан Бансел, извршен директор на Модерна.

Фото: YALONDA M. JAMES/THE SAN FRANCISCO CHRONICLE VIA GETTY IMAGES

Слични содржини