Премиерот Зоран Заев во врска со изјавата на претседателот Стево Пендаровски за осудените за настаните во Парламентот на 27 април 2017 година, рече дека не станува збор за ново помилување, туку дека секој има право да побара ново судење.
–Секој има право да отвори постапка за повторување на судење, доколку има нови докази, нови аргументи, а Судскиот совет е надлежен да одлучи за тоа. Ако се случуваат непринципиелни работи надвор од вредностите во коишто живее и верува огромно мнозинство од нашиот народ, тогаш значи системот на казнување губи смисла. Така што, секако никако помилувања, никако амнестии во тој дел. Правото како и сите граѓани го имаат и тие коишто се осудени за настаните од 27-ми април, ако има некои нови докази, ако има нови моменти. Секако како и сите и тие го имаат тоа право. Впрочем и така го појаснува и претседателот на државата, изјави Заев.