ХАРИ И МЕГАН: Нема да можеме да се опоравиме сè додека сите не добијат еднаков пристап до вакцината

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Војводата и војвотката од Сасекс апелираа до оние кои сакаат да го прослават вториот роденден на нивниот син да донираат пари за плаќање на вакцини за коронавирус на земји, кои се во неповолна состојба.

Во заедничкото соопштение објавено на веб-страницата на Фондацијата Арчивел, принцот Хари и неговата сопруга Меган им се заблагодарија на оние кои во текот на изминатите две години пружиле топлина и поддршка на нивното семејство за време на роденденот на Арчи, за што се „длабоко трогнати“, објави Гардијан.

„Нема да можеме навистина да се опоравиме сè додека сите, насекаде, не добијат еднаков пристап до вакцината“, се вели во соопштението.

Со донација од само пет долари, можете да ги покриете трошоците за една доза за некој на кој му треба, изјавија војводата и војвотката од Сасекс.

„Бидејќи успеавме да обезбедиме поддршка од голем број на организации, петте долари што ќе ги дадете автоматски ќе се претворат во 20 долари и ќе ги покријат трошоците за четири дози“, се вели во изјавата на принцот и неговата сопруга.

Слични содржини