МЗ: Се намалува бројот на пациенти во ковид-центрите, има 847 празни кревети

од Nikola Popovski
331 прегледи

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 883 и има околу 847 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 384 лица. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 49 оздравени пациенти од ковид – центрите во Скопје.

„Бројот на приеми во Скопје изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 332 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од МЗ.

Слични содржини