574
Со голема жал соопштувам дека ја изгубивме нашата колешка и пријателка, Марија Мустачка, објави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Тој ѝ заблагодари за нејзината посветена работа во Владата, како дел од кабинетите на четворица вицепремиери пред него и за нејзината безрезервна доверба и поддршка на колегите и тимот.
„Марија беше со ведар дух, секогаш полна оптимизам и отвореност за соработка. Упатувам искрено сочуство до нејзиното семејство, моите мисли се со вас. Нека почива во мир“, стои во објавата на Битиќи.