Филипче: Нарачавме од Синовак затоа што само таа компанија може достави 500.000 вакцини во таков краток период

од Nikola Popovski
384 прегледи

„За ефикасноста на вакцината Синовак, повеќе пати се консултиравме со Комисијата за имунизација. Публикациите се дека ефикасноста на вакцината не е 50 проценти, како што велат некои, туку е над 70 проценти ефикасна“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Според него, се одлучиле за таа вакцина, затоа што не постои друга вакцина од некој производител која може наеднаш да стигне во краток период во нашата земја, во толкава количина.

„Затоа нарачавме 500.000 дози. Сакаме пред летните месеци што повеќе лица да бидат имунизирани“, изјави Филипче.

Слични содржини