Заев: С. Македонија не се откажува од екстрадицијата на Исмаиловиќ

од Nikola Popovski
275 прегледи

„Ако бараат дополнителни документи, дополнителни докази ќе им доставиме. Гарантиме правично судење, сепак се работи за наш граѓанин овде кој е на почеток на постапката со негово присуство би се водела. Очекувам двете наши исклучително пријателски земји да тоа го потврдуваат на секое поле, дури и на вака сензитивни полиња. Ние сме секогаш на располагање“, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашање, како го коментира одбивањето на Косово да го екстрадира Африм Исмаиловиќ, осомничен во случајот „Монструм“.

Тој рече дека државата нема да се откаже од тоа и верува дека и Република Косово ќе биде на располагање и ќе го испочитува меѓународното право и билатералните договори кои што ги имаме постигнато.

Слични содржини