Пендаровски: Според мене тоа не беше кривично дело тероризам, туку терористичко загрозување на уставниот поредок

од Andreja Salpe
386 прегледи

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на опозицијата, Христијан Мицковски, на прес-конференција во врска со упадот во Собранието на 27 април вели дека било терористичко загрозување на уствниот поредок и безбедноста, а не било кривично дело тероризам.

,,Според мене тоа не беше кривично дело тероризам, туку терористичко загрозување на уствниот поредок и безбедноста. Не сакам, а и не можам да отидам надвор од судската формулација”, истакна Пендаровски.

За она што се сложиле со Мицковски, претседателот истакна дека се сложиле со Мицковски дека политика треба да биде на страна од судството.