Славниот фудбалер Кристијано Роналдо испрати дрес до компанијата MOZZART во Србија кој е веднаш ставен на лицитација на вебсајтот „Лимундо“, а средствата ќе одат во хуманитарни цели. Компанијата која ја купи неговата капитенска трака изнесе почетна цена од еден милион динари.
Од Кристијано за Гаврило! За негова победа! После хуманитарната лицитација на која Mozzart ја купи капитенската трака на Роналдо, Португалецот одлучи да испрати потпишан дрес од Јувентус со порака „para Gavrilo“! Злато вредниот црно-бел дрес од клубот од Торино пристигна во седиштето на MOZZART, па така, парчето опрема од еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт оди на лицитација, за помош на малиот Гаврило Ѓурѓевиќ, а почетната цена е милион динари. Гаврило Ѓурѓевиќ има осум месеци и боледува од спинална мускулна атрофија, а за лекување потребни му се уште еден милион евра.
Славниот фудбалер разбра дека случајот со капитенската трака имаше огромен одзив и дека тогаш во фондот отидоа 64.000 евра. Му било драго дека од целиот тој настан на крајот излегло нешто убаво и одлучил да испрати свој потпишан дрес. Para Gavrilo! Pela vitoria de Gavrilo!
Да потсетиме на приказната, Роналдо пред финишот на мечот со Србија во Белград постигна гол за 2:2 кој не му беше признат од страна на судиите. Најголемата ѕвезда на „селекао“ го напушти теренот револтиран и ја фрли капитенската трака, а еден од пожарникарите ја зеде и преку организацијата „Заедно за живот“ направи аукција и ја крена цела Србија на нозе. Главна цел беше да се разбуди општествено одговорната свест и кај другите поединци, компании и организации, а лицитациите продолжуваа и помеѓу други познати спортисти кои ги дадоа своите дресови или копачки во хуманитарни цели.