Истанбул останува без финалето во Лигата на шампионите?!

од Stefanija Kuzmanovska
382 прегледи

Финалето во Лигата на шампионите оваа сезона помеѓу Манчестер Сити и Челси може да не се одржи на 29 мај во Истанбул, како што првично беше планирано, откако британската влада ја стави Турција на црвената листа на земји за патување.

– Ова значи дека навивачите на двата клуба не треба да патуваат во Турција за финалето. Англиската фудбалска асоцијација (ФА) сега разговара со УЕФА во врска со можна промена на местото на одржување. Отворени сме за можно домаќинство, но конечната одлука е на УЕФА – рече британскиот министер за транспорт Грант Шапс.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави дека ќе почека со конечната одлука во врска со местото на финалето. Во последниве недели, Турција се наоѓа на четвртото место во светот според бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус, поради што целата земја е под строги мерки до 17-ти мај. Овие мерки се чини дека даваат резултати бидејќи дневниот број на случаи оваа недела се намали на 27.000, наспроти 63.000 во средината на април.

Според извештаите на медиумите, Турската фудбалска федерација се надевала дека ќе може да пушти 25.000 гледачи на стадионот „Ататурк“, од кои најмалку 4.000 навивачи од двата клуба.

Слични содржини