Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, знае многу работи, дури и да шутира пенал, подобро од најголемите фудбалски мајстори.
Кога веќе најави пресметка со фудбалската банда, лут од случувањата во финалето на Суперлигата на Србија и, благо речено, поради чудните резултати, Вучиќ реши да го демонстрира своето знаење на фудбалските терени.
Где је Пеђа Мијатовић?
Да гледа и учи. pic.twitter.com/xPHZbSiAJA— Архив Државне Безбедности (@Arhiv_DB) May 7, 2021
Додека го посети пунктот за вакцинација на стадионот ФК Врело, во близина на Уба, тој излезе на теренот на локалниот стадион и го погоди голот, со удар од белата точка.
За потфатот на претседателот да биде уште позначаен, пред голот застанал голманот на Јединство од Уба, Иван Бели Јовановиќ, кој запрел дури три од седум шутнати пенали оваа сезона.
„Ти благодарам Бели, што ми пушти“, рече Вучиќ по голот.