Серхио Агуеро и се извини на навивачите за вчерашното промашување

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро имаше можност да му донесе предност на својот тим од 2:0 во големото дерби со Челси, и со победата математички да им обезбеди нова шампионска титула на „граѓаните“.

Сепак, искусниот Аргентинец си „поигра“, се обиде да ја продаде познатата „паненка“ на голманот на „сините“, Менди од белата точка, и се посрамоти, бидејќи Сенегалецот ја фати „жива“ топката.

Агуеро мораше да им се извини на навивачите на Сити за тој потег, и тоа го стори на својот профил на Твитер.

Да потсетиме, договорот на Аргентинецот наскоро ќе истече и по десет сезони ќе го напушти Манчестер Сити.

Во тој дел се планира да се подигне негов споменик пред стадионот „Етихад“ и тешко дека овој неуспех ќе може да го расипе сеќавањето на Кун.

Слични содржини