Апелација ќе одлучува за казните на Боки 13 и Јанева

од Берта Китинска
312 прегледи

Денеска Апелациониот суд ќе одлучува по казните на осудените во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.

Истрагата за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ја отвори на 15 јули 2019 година, кога беше уапсен и Јовановски, додека Јанева стана осомничена на 21 август истата година.

Бојан Јовановски доби 9 години затвор од Кривичниот суд, додека за Катица Јанева беше издадена седумгодишна казна затвор. Тие имаа право на жалба, и го искористија тоа право, со што сега Апелација може да ги потврди казните со што би станале правосилни, но може предметот да го врати на повторно судење.

Слични содржини