Маричиќ: Изјавите на  Вархеји за одвојување немаат логика

од Берта Китинска
154 прегледи

Министерството за правда Бојан Маричиќ во „Студио 10“ вели дека премиерот Зоран Заев, при својата европска агенда ќе ја пренесе пораката дека нашата земја е отворена за дијалог.

-Пред јунскиот самите ќе има уште нови прилики, но оваа е одлична можност бидејќи постои атмосфера за повторно да се разговара за отворање на преговорите.Ние остануваме отворени за дијалог и убеден сум дека премиерот ќе ја пренесе таа порака при својата европска агенда, рече Маричиќ.

Тој вели дека голем неуспех за ЕУ ќе биде доколку не се започнат наскоро преговорите бидејќи нашиот пример ќе биде тест за Западниот Балкан.

Според Маричиќ изјавите на Вархеји за одвојување на Албанија и С. Македонија за почеток на преговорите немаат логика.

-Изјавите на  Вархеји за одвојување немаат логика, знаеме во минатото, во 2019 кога Франција ја побара новата методологија, дел од државите не сакаа нас да не одвојат од Албанија. Ставот на Вархеји е негов, ќе мора да се заземе став, не гледам расположение во ЕУ да се направи раздвојување на двете држави. Не ми делува едноставно раздвојувањето како концепт. Може да се зголеми евроскептицизмот, ова е борба за кредибилитетот на Европската Унија, Австрија и Германија и другите се трудат да се на Балканот, да праќаат пораки, изјави Маричиќ.

Слични содржини