Старлетата Тијана Ајфон ја спасил од затвор познат српски тајкун кој искеширал 20.000 евра за нејзината слобода, пренесува „Курир.рс“.
Богатиот бизнисмен е толку опседнат со Ајфон, со која е во врска веќе неколку месеци, што не ги жалел парите за неговата сакана да не помине ниту еден ден во затвор, откако таа беше обвинета за подведување на две српски државјанки во Босна пред нешто повеќе од половина година.
– Тијана не побара ничија помош кога беше приведена во Босна и обвинета за подведување. Тешко го поднесе целиот тој период, но не се жалеше и својот проблем со законот го решаваше сама. На почетокот на годината таа влезе во врска со бизнисмен од кого до неодамна успешно криеше дека нејзината слобода има цена. Пред нешто повеќе од две недели, Тијана беше издадена од адвокат кој му кажал на бизнисменот дека старлетата не мора да оди во затвор ако ѝ плати на државата 20.000 евра. Бизнисменот не губел време, туку ги платил тие пари уште следниот ден како да се 200 динари – вели изворот, кој тврди дека Тијана била шокирана од гестот на новото момче.
– Бидејќи ја познава Тијана, тој не ѝ кажал ништо сè додека плаќањето не завршило. Кога заврши сè, ја изведе на вечера и ѝ рече дека нема потреба да се плаши од ништо затоа што тој го решил нејзиниот проблем. По неколку минути шок, таа започна да плаче. Не можеше да поверува дека конечно постои човек кој е подготвен да стори сé за неа и кој даде десетици илјади евра само за тој да не се оддели од неа за момент. Таа секогаш беше таа што се грижеше за своите партнери и беше тешко да разбере дека конечно е со некој што се грижеше за неа – вели изворот.