Секое годишно време носи одредени романтични моменти, но најубаво е да се вљубиме во пролетта, кога сè околу нас цвета.
Хороскопските знаци кои ќе процветаат во љубовта оваа пролет се Овен, Бик и Близнаци, пренесува index.hr.
Овен
Бидејќи Венера влезе во нивниот знак на 21 март, романтичното време за Овен веќе е во полн ек.
Оваа пролет Овните ќе се чувствуваат многу оптимистички и уверени, доволно само за да бидат подготвени за нова љубов, знаејќи колку вредат и што можат да понудат.
Бик
Романтичните бикови секогаш се подготвени за љубов, а овој април ќе имаат бројни можности да ја остварат таа желба. Во средината на мај, тие ќе се сретнат со нови потенцијални партнери, а веќе на крајот на месецот ќе почувствуваат која личност е вистинската за нив.
Близнаци
Близнаците ќе се снајдат најдобро на почетокот на мај, кога ќе има бројни можности за флерт, но не само тоа. Најдобро време за љубов ќе биде на крајот на месецот, кога ќе се случи сериозна промена во нивниот љубовен живот.