Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека околу 110.000 граѓани во земјава се вакцинирани против коронавирус, а од нив 23.000 примиле две дози.
„Оваа динамика од 10.000 вакцинирани на ден во сите пунктови во државата продолжува и во текот на оваа недела. Денеска стигнуваат околу 10.000 вакцини на ‘Фајзер’, по 5.000 од нашиот договор и системот на солидарност од ЕУ. Според најавите, донацијата од кинеската армија треба да пристигне на 15 мај и во согласност со сите тие најави ние го правиме и распоредот за делење на вакцините во пунктовите“, изјави министерот.
Според него, лицата што примиле две дози на вакцина против Ковид-19 превентивно уште ќе носат маски на отворено и дека уште е рано да се даде општа препорака маските да не се носат на отворено.