364
МВР соопшти дека затвореник од Велес пријавил дека била извршена обљуба врз него.
„Во попладневните часови на 9 мај, 33-годишен затвореник од Велес пријавил дека на 27 април годинава, околу полноќ, во ќелија на затворот „Идризово“, била извршена обљуба врз него од страна на затвореникот Р.Е. (36) од Битола“, велат од полицијата.
Според пријавеното, битолчанецот го извршил делото со помош на Д.П. (27) од Скопје, а тројцата затвореници биле сместени во истата ќелија.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.