Серена нема да оди на Олимпијада затоа што не и дозволуваат да ја земе својата ќерка

од Stefanija Kuzmanovska
350 прегледи

Американската тенисерка Серена Вилијамс размислува да не се појави на Олимписките игри во Токио поради ограничувања предизвикани од коронавирусот.

Лидерите на Олимписките игри во Токио неодамна им забранија на учесниците на престижното натпреварување да носат членови на семејството со себе во Олимпиското село.

Вилијамс, четирикратна олимписка шампионка во сингл и двојки, истакнува дека сè уште размислува дали ќе оди во Токио затоа што не сака да се раздели со својата тригодишна ќерка.

„Сè уште не се случило да не сум со неа само еден ден, па мислам дека тоа е добар одговор (на тоа дали ќе оди во Токио). Ние сме најдобри пријатели“, рече Серена Вилијамс.

Најуспешната тенисерка во историјата на Игрите им се обрати на медиумите пред почетокот на Мастерсот во Рим, што ќе биде нејзин прв турнир по Австралија опен во февруари.

„Тренирав со Патрик (Муратоглу) на академијата две и пол недели, а потоа многу на земја во САД. Трениравме напорно неколку недели, се чувствувам добро и се надевам дека ќе имам добра недела тука“, додаде 39-годишната тенисерка од Мичиген, за кого турнирот во Рим ќе биде единствен на земја пред „Ролан Гарос“.

Олимписките игри започнуваат на 23 јули, па Серена има уште време да одлучи дали ќе може да издржи неколку недели без нејзината ќерка, но, судејќи според оваа изјава, славната Американка нема да ја видиме во Токио.

Слични содржини