Двајца скопјани нелегално користеле туѓи платежни картички

од Andreja Salpe
185 прегледи

СВР Струмица  поднесе кривична пријава против Г.С.(27) и С.П.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.

На 10.12.2020 пријавените, искористувајќи згодна прилика, прибавиле платежни картички и лични карти на Н.Н. и В.Н. од Струмица, по што извршиле нелегални трансакции со платежна картичка во сопственост на Н.Н. на повеќе продажни места во Струмица, стекнувајќи се со противправна имотна корист во висина од 90.000 денари.

Слични содржини