Ердоган и Путин разговараа за случувањата во Палестина

од Stefanija Kuzmanovska
280 прегледи

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин за настаните во Палестина и испораката на вакцините Спутник V во Турција, пренесе Анадолија.

Дирекцијата за комуникации при канцеларијата на турскиот претседател соопшти дека Ердоган посочил дека Турција покажала најсилен став против несовесните напади на Израел врз Ал-Кудс, Газа, Ал-Акса и Палестинците и дека меѓународната заедница треба да му одржи лекција на Израел.

Ердоган ја оцени како важна изјавата на руското Министерство за надворешни работи, во која се укажува на неопходноста од ангажирање на Обединетите нации и решавање на прашањето за Блискиот исток врз основа на две држави и додаде дека важната порака е Турција и Русија да покажат договор за настаните во Ал Кудс.

Во разговор со Путин, турскиот претседател понатаму рекол дека Советот за безбедност на ОН треба да реагира и да испрати јасни пораки до Израел да ги запре нападите пред кризата дополнително да ескалира.

Тој понатаму ја истакна потребата од решавање на идејата за испраќање меѓународни сили за заштита на палестинските цивили и изрази уверување дека Турција и Русија тесно ќе соработуваат на овие прашања во ОН.

Рускиот претседател Путин испратил и честитка за Бајрам до турскиот народ.

Слични содржини