Морачанин: Со Законот за дивоградби, ако денес градите ваков објект, за неколку дена ќе можете да го легализирате

од Nikola Popovski
360 прегледи

„Голем дел од пратениците немале увид кој ќе биде дополнителниот предлог на Законот, особено оние пратеници што не се толку заинтересирани за оваа проблематика“, вели пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин, за емисијата „Топ тема“, зборувајќи за донесувањето на новиот Закон за дивоградби.

Таа потенцира дека за нив како партија, се важни овие законски решенија, така да уште веднаш реагирале и потенцирале дека нема да го поддржат и ќе гласаат против.

„Овој закон ги дели луѓето на привилегирани, кои имаат дивоградби и оние кои ги почитувале сите законски прописи. Сам по себе, законот е дискриминирачки. Со ова се испраќа лоша порака на граѓаните“, изјави Морачанин и детално објасни дека со Законот за легализирање на бесправно изградените објекти, ако денес градите дивоградба, за неколку дена ќе можете да ја легализирате.

Слични содржини