Норвешка нема да вакцинира со „АстраЗенека“

од Берта Китинска
200 прегледи

Норвешка нема да продолжи да ја користи вакцината АстраЗенека, а одлуката дали да се вклучат Џонсон и Џонсон во системот на масовна имунизација сè уште не е донесена, објави премиерот Ерна Солберг.

„Владата донесе одлука вакцината АстраЗенека да не се користи во Норвешка, дури и за волонтери“, рече Солберг.

Комисија назначена од владата препорача двете вакцини да бидат исклучени од норвешката програма заради ризик од ретки, но штетни несакани ефекти.

Солберг рече дека одлуката е заснована на препораки од комитет на експерти и од Норвешкиот институт за јавно здравје (FHI) кои препорачале повлекување на АстраЗенека и Џонсон и Џонсон (J&J).

Норвешка ќе продолжи да ја прекинува употребата на вакцината Џонсон и Џонсон, но досега не ја исклучи од програмата за вакцинација, рече Солберг.

Вакцината Џонсон и Џонсондосега не била користена во Норвешка и покрај одобрението од Европската агенција за лекови (ЕМА), според Ројтерс, додека ДПА соопшти дека норвешката влада размислува да им понуди вакцина J&J на оние кои сакаат да ја примат.

Норвешка престана да ја користи AstraZeneca на 11 март поради претпазливост по појавата на ретки тромби по вакцинирањето, вклучително и смртни случаи, а вакцината Данска ја повлече пред нешто повеќе од еден месец.

Слични содржини