Американската актерка Тара Рид (45) минатиот месец откри дека снимањето на петтото продолжение на хит филмот „Американска пита“ е предвидено во догледно време, и додека тимот што го видовме во смешната комедија не се соедини на сетот, некогаш заносната русокоса ужива во слободните денови.
Оваа недела беше снимена на плажа во Мајами, но наместо комплиментите кои некогаш и ги поклонија, обожавателите сега најмногу изразуваат загриженост за актерката, која ги шокираше со нејзината (премногу) тенка фигура.
За дружење со пријателите, Тара носеше минијатурно розово бикини, во кое операциите за зголемување на градите изгледаа непропорционално со остатокот од нејзиното кревко тело. Да потсетиме, Рид ги „поправи“ градите барем двапати, а еднаш беше на липосукција, но подоцна рече дека жали за одлуката да легне под нож.
– Моето тело целосно се смени, изгледа апсурдно … Поради овие несреќни корекции, изгубив многу улоги – се пожали актерката во старо интервју.
– Таа воопшто не изгледа здраво … Коска и кожа, а порано беше навистина убава, штета е – коментираат обожавателите.
Со години се зборуваше за наводна борба на Тара против анорексија, но таа сепак инсистира на тоа дека во животот никогаш не страдала од нарушување во исхраната.
– Преку глава ми е од такви тврдења! Јас сум само слаба, помирете се со тоа! Дали ги напаѓате вака луѓето со прекумерна тежина секој пат кога ќе излезат од дома?! – им рече еднаш на хејтерите.