Погледнете како денес изгледа ѕвездата на American Pie: Од вистинска убавица до загрижувачка состојба

од Vladimir Zorba

Доколку сте го гледале хит филмот „American Pie“, сигурно се сеќавате на познатата актерка Тара Рид (47). Во свое време беше една од најатрактивните актерки, додека денес е целосно непрепознатлива.

Многумина се загрижени дека ѕвездата на American Pie е во состојба на анорексија, иако таа тврди дека тоа воопшто не е така.

Тара на Веганската модна недела во Калифорнија се појави во виолетово здолниште кое го искомбинира со бел тенк топ, кој беше ишаран со виолетови дезени. Она што ги загрижи фановите е што актерката се сопна неколку пати, а нејзиниот партнер Нејтан Монпети-Ховар беше принуден да ја држи за да не заврши на земја.

Имено, актерката има само 40 килограми, а според нејзините тврдења во никој случај не станува збор за нејзината лоша исхрана, туку Тара изјавила дека едноставно има среќа што храната што ја јаде не ја „фаќа“.

Тара Рид

Тара Рид

“Јадам нормално, но со години сум на иста тежина. Не разбирам зошто тоа толку многу им пречи на луѓето”, рекла Тара неодамна.

Покрај многуте коментари за изгледот на Тара, има и такви кои видно зрачат со загриженост.

„Не изгледаш добро! Ова не е здрав изглед и кој и да каже дека е, греши. Опкружете се со луѓе кои се грижат за вас за да станете подобри“, напиша еден обожавател, додека друг додал: „Само ти посакувам се најдобро и се надевам дека си добро!“

Слични содржини