Во изминатото деноноќие регистрирани 123 нови случаи на Ковид19

од Andreja Salpe
323 прегледи

Во последните 24 часа се направени 2.598 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 64, Битола – 9, Куманово – 7, Охрид – 5, Прилеп, Велес, Гостивар и Струмица – по 4, Тетово – 3, Штип, Струга, Кочани, Демир Хисар и Кратово – по 2, Кичево, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 3803 оздравени пациенти од: Скопје – 2109, Куманово – 252, Битола – 180,Тетово – 178, Велес – 165, Гостивар – 126, Гевгелија – 88, Кавадраци – 82, Ресен – 80, Неготино – 73,Штип – 67, Охрид – 59, Кичево – 52, Прилеп – 46, Крушево – 35, Кочани – 30, Свети Николе – 24, Радовиш и Делчево – по 22, Струмица – 18, Демир Хисар – 17, Виница – 16, Струга – 14, Богданци – 13, Демир Капија – 9, Крива Паланка – 8, Дебар – 6, Берово и Пехчево – по 3, Пробиштип, Валандово и Македонска – по 2.

Од вкупниот број на оздравени, 3564 се пријавени како позитивни во периодот 01.01-31.03.2021. Се работи за лица кои не се пријавени досега како оздравени до ИЈЗ, а кај кои се поминати 20 дена од позитивен резултат. Овие лица за време на болеста биле хоспитализирани или немале матичен лекар или се странски државјани па затоа не излегол предлог за оздравување во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ.

Слични содржини