Европската народна партија е силен поддржувач на европската перспектива на С. Македонија

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Премиерот Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата за европски прашања Никола Димитров, во Атина одржаа средба со Доналд Туск, претседател на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот совет.

Заев ја искажал својата благодарност до претседателот Туск за поддршката која тој ја даде за Северна Македонија за време на склучувањето на Договорот од Преспа како и за охрабрувањата кои тој ги упатуваше на македонски јазик до граѓаните во тој период.

Премиерот го известил Туск дека Владата останува силно посветена на реформите во сферата на правната држава, борбата против корупцијата и криминалот, на справувањето со пандемијата, на развојот на економијата и на европските интеграции и дека ќе продолжи политичкиот дијалог со сите чинители со цел обезбедување уште подобри резултати на овие теми.

Туск на Заев уште еднаш му потврдил дека тој и Европската народна партија остануваат да бидат посветен пријател и поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија и дека ќе бидат вложени дополнителни напори за поддршка на земјата со цел што е можно поскоро отпочнување на процесот на преговорите.

Заев потенцирал дека политичкиот дијалог секогаш носи решенија и во таа насока потврдил дека во Северна Македонија постојат и услови и потреби за унапредување на соработката меѓу власта и опозицијата, пред сѐ заради тоа што граѓаните очекуваат заедништво и сплотеност на политичките партии кога се во прашање иднината на земјата и интересот на народот.

Слични содржини