Смилевски за Идризи: Секој има своја приказна, јас не сум видел лошо од него

од Vladimir Zorba
613 прегледи

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски по информациите дека бил многу близок со Камер Идризи, кој вчера беше убиен, за „А1он“ вели дека не знаел за неговиот бизнис, ниту разговарал за тоа.

„Од детство, од четири години, па се до вчера, бевме заедно. Јас го знам многу поразлично. Мене ми бил другар цел живот, помал е, сум го сакал, сум го дружел. Јас, како што го зборат, не сум го доживеал никогаш во живот. Тоа што сум му кажал некои работи, во принцип ме слушал. Како постар брат, бидејќи со неговиот починат брат и другиот брат, сме биле комшии, другари. Секој има своја приказна, јас не сум видел лошо од него. Во принцип сум го карал, бил помал. Комшија од дете ми е, кога моите родители ја изградиле куќата, тие ја добиле бараката. Сум немал ниту работа, ниту бизнис, туку било чисто другарство. За мене секогаш бил во ред“, вели Смилевски.

Слични содржини