Вицепремиер за евроинтеграции, Никола Димитров на својот профил на Фејсбук по средбата со министерот за надворешни работи на Кипар, Никос Христодулидес напиша дека Кипар изразува поддршка за Европската иднина на Северна Македонија
“Дозволете ми кратко да одговорам на она што Никола го кажа, јавно да ја изразам мојата поддршка за Европската иднина на Северна Македонија. Ние можеби сме мала држава, но на крајот на денот имаме еден глас исто како Германија, Франција и други големи земји-членки. Јас сум многу загрижен дека како Европска Унија ја губиме кредибилноста на Балканот, ние зборуваме за геополитичка Европска Унија, но споредено со другите геополитички актери, ние ја губиме играта. Затоа се надевам дека во следните недели ќе биде возможно да имаме позитивни вести во однос на Северна Македонија, како и регионот, ” изјави Христодулидес.