Филипче: Рано е да се тргнат маските на отворено

од Берта Китинска
384 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека в понеделник, Комисијата за заразни болести ќе ги разгледува барањата на угостителите кои денеска беа доставени до Министерството за здравство.

„Сите барања ќе ги разгледаме в понеделник кога ќе се прави пресек за епидемиолошката слика за изминативе две недели. Се покажа дека олабавените мерки не доведоа до влошување на состојбата“, рече Филипче.

Тој напомена дека се уште е рано да не се носат маски на отворено.

„Лично сметам дека е рано, се уште, сепак е потребен поголем опфат со вакцинација, но во исто време треба мерката да има логика поради топлото време“, посочи Филипче.

Слични содржини